logo
logo
logo

БРИСЕЛ СВРТЕ ПОД “РУЧНА“: Именувањето на Рашиќ во Владата на Косово „НЕ ГИ ИСПОЛНУВА УСТАВНИТЕ УСЛОВИ“

Vecer | 02.12.2022

БРИСЕЛ СВРТЕ ПОД “РУЧНА“: Именувањето на Рашиќ во Владата на Косово „НЕ ГИ ИСПОЛНУВА УСТАВНИТЕ УСЛОВИ“

„Нашето прелиминарно читање е дека именувањето не ги исполнува уставните услови - но тоа треба да го утврди Уставниот суд на Косово“, рече портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано во врска со именувањето на Ненад Рашиќ за министер во Владата на Косово.

Говорејќи на прес-конференцијата, Станао истакна дека почитувањето на Уставот на Косово е клучен дел од владеењето на правото. Брисел очекува Косово да се придржува до овие принципи.

„ЕУ го повикува Косово да обезбеди целосно почитување на сите неопходни процедурални чекори при назначувањето министри кои ја претставуваат немнозинската заедница. Ова е уште поважно со оглед на и онака кревката безбедносна ситуација на теренот“, рече Стано.

Портпаролот на Брисел додаде дека мора да се избегне секоја акција што ќе доведе до зголемување на тензиите и ги повика страните итно да работат на враќање на косовските Срби во сите косовски институции, во согласност со обврзувачките договори за дијалог.

Именувањето на Ненад Рашиќ за министер предизвика бурни реакции кај официјален Белград.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека можеби нема да учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи на 6 декември во Тирана.

Ненад Рашиќ е лидер на Прогресивната демократска партија. Назначен е на функцијата министер за заедници и враќање во Владата на Косово.

Влезот на Рашиќ во Владата на Косово беше потврден пред неполн месец, откако српските претставници започнаа бојкот на институциите незадоволни од намерата на Приштина да започне процес на предрегистрација на возила со српски регистарски таблички.

„Српска листа“, водечката партија на српското малцинство во Косово, која ја ужива поддршката на властите во Белград, реагираше на назначувањето на Рашиќ, тврдејќи дека таквата одлука е неуставна и е донесена без согласност на српските пратеници.

https://vecer.mk/balkan/kriza-vo-komshii-teroristichki-oloshu-vodi-smetka/

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk