Брисел нема став за неуспехот на Косово во Интерпол

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич изјави дека Брисел нема став за неуспешниот обид на Косово да стане членка на Интерпол, бидејќи се работи за тема поврзана со Европската Унија, пишува „Коха Диторе“.

„Интерпол е клучен партнер на Европската Унија. Имаме позитивна соработка, вклучувајќи го подрачјето за полициска соработка во рамки на ЕУ, техничката помош и операциите во врска со заедничката безбедносна и одбранбена политика“, наведе Коцијанчич.

Таа потсети на изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини која нагласи дека Косово и Србија треба да се осврнат на дијалогот во духот на нормализацијата на односите меѓу двете земји.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари