Брисел ја осуди изјавата на Рама за единствен претседател на Албанија и Косово

Брисел реагираше на ставовите што ги изнесе албанскиот премиер, Еди Рама, во неговиот говор во Собранието на Косово, каде што даде предлог Албанија и Косово да имаат еден заеднички претседател.

Косовскиот весник ,Експрес“ ги пренесе зборовите на потрпаролот на Европската Комисија, Катерине Реј, која вели дека ваквите изјави се несоодветни.

„Изјави кои можат да се интерпретираат како политичко мешање кај други соседни земји, не помагаат во градењето на добрососедски односи“, рече преставничката на Европската Комисија.

Таа додаде дека Европската Унија очекува во сите региони да продолжат конструктиивните односи на меѓусоседска соработка.

„ЕУ продолжува да помага во воспоставување на пријателства и соработка во регионот“, нагласи Реј.

Тиранскиот весник ,,Мапо“ оценува дека ова не е прва изјава на премиерот на Албанија, Еди Рама, која предизвикува реагирања во регионот и пошироко. /К.М.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари