logo
logo
logo

Братот на двете жени, убиени во масакрот во Цетиње моли низ солзи: Ослободете го Ненад (ВИДЕО)

Vecer | 14.08.2022

Братот на двете жени, убиени во масакрот во Цетиње моли низ солзи: Ослободете го Ненад (ВИДЕО)

Тој со солзи во очите и видно потресен испрати барање до претставниците на властите Ненад Калуѓеровиќ од Цетиње, кој го застрела убиецот Вук Бориловиќ, да биде ослободен од секаква одговорност и властите да не го товарат за кривично дело.

Радуновиќ повика да се ослободи од одговорноста, како што рече, „човекот што го прекина крвавиот поход во Цетиње“.

„Ве молам децата што ги има овој човек да не останат по втор пат без татко, ве молам, ве молам, овој човек да не биде обвинет“, рече Радуновиќ и рече дека тоа е херојски чин, пренесе РТЦГ.

Додека Радуновиќ зборуваше, од салата се слушна одобрување „Така е!“, а на крајот со аплауз за поддршка на неговото барање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk