БПЦ: Нема опасност од шизма за нашата црква, бидејќи не нарушува канони

Какви било шпекулации за наметнување раскол за Бугарската православна црква не одговараат на реалноста, бидејќи Комисија на Светиот Синод на таа црква задолжена за македонското барање не извршила противоканонски активности од кои би произлегла таква казна, се вели во соопштението на Комисијата на БПЦ за обнова на канонскиот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Според Комисијата, чиј претседател е митрополитот Кипријан, бугарските митрополити имаат право на свои лични ставови и мислења, но за прашања поврзани со дијалогот за воспоставување канонски статус на Македонската православна црква-ОА и поврзаните одлуки на Комисијата, изјави има право да дава само и единствено претседателот на Синодалната комисија.

Во колумна објавена во „24 часа“, русенскиот митрополитот на БПЦ, Наум напиша дека Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија никогаш немала намера да се откаже од својата многувековна историја и канонско достоинство, како вистински наследник на Бугарската Охридска архиепископија, независно од политичката коњуктура.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари