Борисов: Не е можно Турција да влезе во моментов во ЕУ

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов изјави за рускиот весник „Известија“ дека влезот на Турција во Европската Унија во моментов е невозможен. Политичарот додаде дека Унијата како целина и особено Бугарија се посветени на продуктивна соработка со Анкара, вклучително и поради тоа поддршката од Турција во решавањето на проблемот со миграцијата, пренесе бугарската новинска агенција „Фокус“.

„Прашањето за интеграција на ЕУ во Анкара не може да се разгледа со оглед на околностите. Турција е посветена на ЕУ повеќе од 50 години, но ако ја земеме в предвид моменалната ситуацијата, не е време да се зборува за влез на земјата во Унијата“, рече Борисов.

Извор од европските дипломатски кругови за весникот истакнал дека Турција сѐ повеќе се оддалечува од ЕУ, а односите меѓу низ стануваат сѐ покомплексни.

„ЕУ е исклучително загрижена за состојбата со човековите права и основните слободи во земјата. Анкара мора да ја промени сируацијата и да ги усогласи нејзините правила со европските принципи и вредности“, додава изворот.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари