logo
logo
logo

Борел со позитивна оценка за обраќањето на Вучиќ

Vecer | 25.01.2023

Борел со позитивна оценка за обраќањето на Вучиќ

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел позитивно го оцени обраќањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ во понеделникот, 23 јануари.

Оценката на Борел беше изразена во соопштението на неговиот кабинет по средбата со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

„Во однос на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, високиот претставник Борељ ја повтори потребата од надминување на трајното управување со кризи и затоа очекува конструктивен ангажман за неодамнешниот предлог на ЕУ за нормализација на односите. Тој (Борељ) позитивно ја оцени вчерашната јавна интервенција на претседателот Вучиќ по ова прашање“, се вели во соопштението од кабинетот на Борел.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ден претходно и се обрати на јавноста и предупреди дека Србија ќе се соочи со блокада на европските интеграции и инвестиции, како и со сеопфатни мерки во политичка и економска смисла, доколку не го прифати француско-германскиот план за дијалог со Косово.

Претседателот на Србија на 20 јануари во Белград се сретна со европско-американски тим дипломати и по разговорот изјави дека Србија е подготвена да го прифати концептот и да работи на имплементација на европскиот план.

Истиот став го повтори и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој на 24 јануари во Брисел имаше средби со високи претставници на ЕУ.

На крајот од посетата на европската престолнина, Дачиќ потврди дека Србија е подготвена „да работи на основите и спроведувањето“ на француско-германскиот план за дијалог меѓу Србија и Косово.

Таканаречениот француско-германски план е документ на ЕУ поддржан од Соединетите Американски Држави, а има за цел да ги утврди принципите на процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Планот им беше претставен на страните во септември и декември 2022 година, а европската страна е посветена на постигнување на овој нов договор до пролетта оваа година.

Извор: РТК

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk