logo
logo
logo

Борел побара нови избори во општините на северот на Косово

Vecer | 02.06.2023

Борел побара нови избори во општините на северот на Косово

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, побара и распишување нови локални избори во општините на северот на Косово, учество на Србите во тој изборен процес и почеток на работата за формирање Заедницата на општини со српско мнозинство.

Борел синоќа на Твитер објави дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, разговарал за „опасната ситуација на северот на Косово“.

Тој наведе дека имал заедничка средба со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, но и дека имал одвоени средби со Вучиќ и Османи.

„Имаме три јасни барања, а тоа се нови локални избори веднаш, обезбедување учество на косовските Срби во изборниот процес, почеток на работа за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ...Доколку тоа не се направи, ќе има сериозни последици за нашите односи“, додаде тој во соопштението по синоќешната средба со претседателите на Србија и Косово на маргините на состанокот на европската политичка заедница во Молдавија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk