logo
logo
logo

Борел: Косово и Србија постигнаа договор за анексот за нормализација на односите

Vecer | 18.03.2023

Борел: Косово и Србија постигнаа договор за анексот за нормализација на односите

Можам да соопштам дека Косово и Србија се согласија за анексот за имплементација на Договорот, што треба да води кон нормализација на односите помеѓу нив, соопшти вечерва високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, по завршувањето на трилатералната средба во Охрид.

Како што појасни тој, имплементацијата на договорот значи практични чекори што треба да се направи, кога, кој и како. 

Ова, како што рече Борел, доаѓа по долги и тешки преговори.

- Денеска имавме средби во неколку формати со цел да ги надминеме разликите помеѓу страните, рече Борел.

Борел, како што беше најавено, со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти разговараа за имплементацијата на анексот - составен дел од Договорот на патот кон нормализација на односите.

Во Охрид високиот претставник на ЕУ, заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак претпладнето имаше најнапред одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Разговорите во Охрид меѓу високите претставници на ЕУ и на Србија и на Косово траеја речиси 12 часа.

Исходот од средбата во вилата „Билјана“ во Охрид го чекаа повеќе од 200 новинари од земјава, од Косово, од Србија и други странски известувачи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk