logo
logo
logo

Бомби фрлиле во куќа на полицаец во Црна Гора, убиен напаѓач во престрелката

Vecer | 27.09.2022

Бомби фрлиле во куќа на полицаец во Црна Гора, убиен напаѓач во престрелката

Како што информираа од црногорската полициска управа, рано изутринава во куќата на полицаец во населбата Коник во Подгорица биле фрлени две бомби, од кои едната експлодирала. Потоа следувала полициска истрага при која биле пронајдени двајца осомничени. При нивното легитимирање и обид за апсење, едно лице пукало кон полицијата.

„Полицијата идентификувала двајца осомничени, од кои едниот отворил оган во правец на полициските службеници, по што употребиле огнено оружје, при што тешко е ранет Ф.К., кој за укажување лекарска помош бил пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора. Тој починал како како последица од неговите повреди“, соопшти црногорската полиција, наведувајќи дека вториот напаѓач е уапсен.

Кон средината на август се случи трагедија во црногорскиот главен град Цетиње, кога напаѓачот Вук Бориловиќ ги убил станарите, сопругата и нејзините две деца, а потоа продолжил да пука кон соседите и припадниците на полицијата, при што загинале вкупно 11 лица. .

По тој настан црногорската полиција беше критикувана во јавноста бидејќи не успеала да го неутрализира напаѓачот, но се тврдело дека тој бил убиен од еден негов сограѓанин. Речиси два месеци по тој настан, истрагата не покажала кој го убил Бориловиќ. Полицијата се уште не ги објавила официјалните наоди од истрагата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk