logo
logo
logo

Болииците во Хрватска се полнат со МЛАДИ ЛУЃЕ со тешки облици на КОРОНА

Vecer | 24.04.2021

Болииците во Хрватска се полнат со МЛАДИ ЛУЃЕ со тешки облици на КОРОНА

Во загребската ковид болница пополнети се сите капацитети и во неа лежат пациенти кои имаат тешка клиничка слика, рекла заменик директорката на Клиничката болница Дубрава Диана Рудан.

Таа истакнала во Дневник на Нова ТВ дека се повеќе се млади на кои им е потребна болничка нега, но дека тие побрзо се опоравуваат од постарите пациенти.

Во КБ Дубрава хоспитализирани се 430 болни, од кои 70 се на респиратори.

“Имаме многу со пнеуномија, болни кои се на механичка вентилација. Се работи за болни кои многу брзо здравствено слабеат и бараат механичка вентилација. Меѓутоа, се работи за болни кои се помлади и повеќето од нив брзо се опоравуваат, така што дневно имаме околу 25 болни кои ги пуштаме на домашно негување“, објаснила Рудан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk