logo
logo
logo

Бојко се оперираше и ОД БОЛНИЦА ГО СООШТИ ТИМОТ ЗА ВЛАДА (ВИДЕО)

Vecer | 20.04.2021

Бојко се оперираше и ОД БОЛНИЦА ГО СООШТИ ТИМОТ ЗА ВЛАДА (ВИДЕО)

Премиерот на Бугарија во заминување, Бојко Борисов, само што излезе од операција го соопшти новиот предлог кабинет на неговата партија ГЕРБ.

Како што е соопштено тој го оперирал коленото, а како што рече ова е негова петта операција.

„Ова е моја петта операција - имам три на левото колено, две - на десното. Благодарение на неразумната игра на моите противници, ова се случи вчера“, рече премиерот Бојко Борисов од болницата каде што беше опериран синоќа.

Тој го предлага Дани Митов за премиер и како што вели, за да може да се водат разговори со сите.

„Одлучив дека е мирно, работно опкружување, без иритација ... Само мир и тишина. Важно е за државата да има стабилна влада“, рече Борисов.

Инаку по операцијата, луѓе блиски до Борисов изјавија за Труд дека тој има искинат внатрешен менискус, кој се трие од коската и може да биде потребно да добие вештачки зглоб.

Во Пирогов бугарскиот премиер во оставка бил подложен на магнетна резонанца и моментално е опериран во друга болница. За претходните спортски повреди на Борисов беше оперирани во Софијамед од водечкиот специјалист за таа дејност, Антони Георгиев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk