logo
logo
logo

БОЈКО НЕ УСПЕА ДА ФОРМИРА ВЛАДА: ГЕРБ го врати мандатот

Vecer | 23.04.2021

БОЈКО НЕ УСПЕА ДА ФОРМИРА ВЛАДА: ГЕРБ го врати мандатот

Откако не успеа да формира мнозинство, ГЕРБ, партијата на Бојко Борисов го врати мандатор кај бугарскиот претседател Румен Радев.

Мандатот го врати  Даниел Митов кој беше предложен за мандатар од ГЕРБ,

Со него беше и претседателката на парламентарната група на коалицијата ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Даниел Митов, ГЕРБ се обидел да ја формира новата бугарска Влада, но се сретнал со ароганција од другите партии во Националното собрание, од кои тој побарал поддршка.

Од своја страна, бугарскиот претседател Радев се заблагодари за напорите направени за формирање влада. Тој коментираше дека во наредните денови ќе соопшти кога ќе и го предаде мандатот на втората политичка партија – „Има таков народ“ на Слави Трифонов за формирање влада.

Според него, на Бугарија и треба стабилна влада поддржана од парламентот.

Шефот на државата изрази надеж дека овој пат времето ќе биде искористено за консултации и разговори меѓу партиите во 45-то Национално собрание.

Според законот, претседателот на Бугарија мора да го предаде испитувачкиот мандат на втората политичка партија, а доколку и таа не успее да формира владин кабинет, според своето дискреционо права претседателот ќе го предаде мандатот на трета партија.

Периодот на консултации меѓу доделувањето на трите мандати од страна на бугарскиот претседател е доста долг и може да трае доста долго.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk