logo
logo
logo

Бојко Борисов победи на изборите во Бугарија

Vecer | 02.10.2022

Бојко Борисов победи на изборите во Бугарија

Партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“, која своевремено дојде до лидерска позиција, пропаѓа и останува под прагот на бариерата од 4 проценти. Сепак, партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев - „Бугарски подем“ ќе влезе во идното Народно собрание, јави репортерот на БГНЕС.

Галуп: 7-партиски парламент

Идниот парламент ќе биде 7-партиски, покажуваат податоците на Галуп по денешните избори.

Според досегашните податоци на Галуп, ГЕРБ-СДС има добиено 63 места во идното Национално собрание. „Продолжуваме со промената“ ќе има 52 народни пратеници, ДПС – 42, „Вазраждане“ – 27, БСП – 24, „Демократска Бугарија“ – 19 и формацијата „Бугарски подем“ 13 пратеници.

Во 100% паралелно пребројување на Галуп Интернешнл, ГЕРБ-СДС е прва политичка сила со 23,5%, „Продолжуваме со промената“ со 19,5%, ДПС добива 15,2%. „Вазраждане“ е четврти со 10 отсто, БСП добива 8,9 отсто, „Демократска Бугарија“ – 7,0 отсто, „Бугарски подем“ е над прагот со 4,7 отсто, а „Има таков народ“ во моментов е под бариерата од 4 отсто со 3,8 отсто. .

„Тренд“ презентираше 95 отсто од паралелното пребројување, ГЕРБ-СДС освои 24,7 отсто од гласовите. Втора политичка сила е „Продолжуваме со промените“ - 19,8%. Следат ДПС – 14,7%, „Вазраждане“ – 9,9%, БСП – 8,9%, „Демократска Бугарија“ – 7,2%, „Бугарски подем“ – 4,8%.

Алфа Рисрч презентираше податоци со 80% паралелно броење. ГЕРБ-СДС е прва политичка сила со 25,9%, „Продолжуваме со промената“ со 19,3%, ДПС добива 14,4%. „Вазраждане“ е четврти со 9,9 отсто, БСП добива 9,4 отсто, „Демократска Бугарија“ – 7,5 отсто, „Бугарски подем“ е над прагот со 4,3 отсто, а „Има Таков Народ“ е веднаш на бариерата од 4 отсто, објави БГНЕС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk