logo
logo
logo

Мерак балкански

Бојко Борисов ЈА ПРИСЛУШКУВАЛ ОПОЗИЦИЈАТА и тимот на претседателот

Vecer | 22.05.2021

Бојко Борисов ЈА ПРИСЛУШКУВАЛ ОПОЗИЦИЈАТА и тимот на претседателот

Власта на Бојко Борисов ја прислушкувала опозицијата. Новиот бугарски министер за внатрешни работи Бојко Рашов објави дека некои политичари, вклучувајќи го и новиот премиер Стефан Јанев, биле прислушувани пред парламентарните избори на 4 април.

Тие биле прислушувани од Службата за национална безбедност и Службата за техничко средство.

Новиот премиер е советник на претседателот Румен Радев за безбедносни прашања. Според Рашков, има и информација дека службите ги уништиле материјалите.

Копретседателот на парламентарната опозициска коалиција „Демократска Бугарија“, Атанас Атанасов, му се обратил на министерот за внатрешни работи со барање да ги провери информациите за прислушувањето на бугарските политичари. Според него, станува збор за 32 високи политичари и партиски лидери. Атанасов не објаснил како дошол до оваа информација.

Државната служба за национална безбедност и Обвинителството на Софија соопштија дека во моментов работат на проверка на информациите.

Претходно министерот за внатрешни работи изрази незадоволство од работата на разузнавачката служба. На почетокот на неделава тој објави дека раководителите на Државната служба за национална безбедност и Државната служба за технички средства земале одмор до есен и дека игнорирале состанокот со новиот премиер Стефан Јанев.

 

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk