logo
logo
logo

БОЈКО НЕМА ДА БИДЕ ПРЕМИЕР на нова бугарска влада

Vecer | 14.04.2021

БОЈКО НЕМА ДА БИДЕ ПРЕМИЕР на нова бугарска влада

Бугарскиот премиер и лидерот на партијата ГЕРБ Бојко Борисов објави дека нема да биде мандатар за својата партија за функцијата шефот на следната бугарска влада.

Во исто време тој одби да каже кој ќе биде соодветен кандидат за ГЕРБ. Според Борисов, името на кандидатот ќе биде откриено откако владејачката партија ќе добие мандат за формирање на влада.

- Јас нема да бидам мандатар. Многумина веруваат дека треба да бидам премиер, но мислам дека силата е во обединување. Ќе предлагаме  европски ориентиран премиер - вели Бојко Борисов.

Владејачката партија ГЕРБ освои 26,14 отсто од гласовите, новата опозициска партија "Има таков народ" - 17,73 отсто од гласовите, Бугарската социјалистичка партија - 15,02 отсто од гласовите, "Движење за право и слобода" - 10,34 отсто од гласовите итн.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk