Бивш соработник на Шешељ: Работев за странски служби, ми даваа при со вреќи, еве на кого ги носев!

После атентатот на Џинџиќ сакаа да ме фрлат од пети кат од хотел во Виена...

Бивш соработник на Шешељ: Работев за странски служби, ми даваа вреќи со пари за Џинџиќ...!

Александар Стефановиќ еден од најблиските соработници на Воислав Шешељ и организатор на петооктомвриските протести во Белград 17 години, подоцна ја открива својата вистина за 5-ти октомври и периодот после превратот.

- Работев за ЦИА и носев полни вреќи пари за Зоран Џинџиќ и Владо Батиќ. ЦИА беше носител на таа идеа, а јас работев за нив и носев вреќи со пари за нејзина реализација на оние кои беа одбрани да ја реализираат, меѓу останатите е Зоран Џинџиќ и други лидери на ДОС- раскажува Стефанович во една емисија на ТВ.

Стефановиќ бил познат по прекарот Аца Четник бил со Шешељи и е еден од основачите на Српската радикална странка, а потоа ја напуштил земјата, каде што работи за американска тајна служба. За време на петооктомвриските настани бил соработник на лидерот на ДХСС Владан Батиќ, еден од челниците на ДОС.

- Со мене прво контактираше генарал Мајк Џекслон, кој тогаш беше командант на КФПР, а подоцна дојдов во американската амбасада во Сараево и тука запознав Американка со хрватско потекчо Дубравка Матиќ. Понатаму таа ми беше претпставена, раскажува Стефановиќ.

По нивна наредба, собирал информации и правел психолошки профили на членови од опозицијата во Србија, со единствена цел – да се руши реживот на Слободан Милошевиќ.

Така се приклучил на ДОС и стана еден од најблиските луѓе на Владан Батиќ.

- Кога прв пат министрите со Зоран Џинџиќ дошле во Владата, бев со нив и Зоран тогаш ми ја покажа празна касата. Отидов право во Комерцијална бака и од директорот Љубе Михајловиќ добив вреќа со пари. Тој лично ги стави парите во гепек и му ги однесов на Џинџиќ. По вреќи пари отидов и кај Богољуб Кариќ. Потоа таа улога ја преземаа криминалци од Сурчин, кои од тие вреќеи повеќе земаа за себе отколку што ни даваа нас, наведува Стефановиќ.

Долгогодишниот агент на ЦИА открива дека восуштина Џинџиќ го поставил да ги следи "брзите раце" на Батиќ.

- Кога го назначи министер за правда, Зоран ми рече пред него: "Батиќ е министер за правда, а ти си задолжен да водиш сметка да не краде". Мене ме фати срам, а Батиќ само ја наведна главата. Никогаш не го кодошев, дури и некои работи му ги нафрлав, иако сум сведок дека Батиќ прибра огромна сума пари со укинување на пресуди и слични манипулации.

Стефановиќ тврди дека престанал да работи за ЦИА после атентатот на Џинџиќ.

- Сакаа да ме фрлат од пети кат од хотел во Виена кога Зоран е убиен. Ме прашаа што мислам, им реков дека тоа ми личи на нивен ракопис, и тогаш рекоа дека го прекинуваат секој контакт со мене, и дека несакаат да слушнат за мене.

Поврзани

Најнови вести

Коментари