Без оглед на сите проблеми на Балканот, сите ја сакаат Црна Гора, вели гувернерот на Мејн

Гувернерот на американската сојузна држава Мејн, Пол Лепејџ, во видеоинтервју изјави дека сите ја сакаат Црна Гора, без оглед на проблемите на Балканот во последните години.

„Тоа е добро, бидејќи ако Црна Гора е пријател на сите, Мејн сака да биде партнер на Црна Гора“, рече Лепејџ за време на неговата посета на Подгорица, според официјалниот сајт на амбасадата на САД во тој град.

Црна Гора и Мејн имаат партнерство што трае веќе 12 години. Според гувернерот, партнерството почна како помош при елементарни непогоди и при справување со вонредни ситуации, како и во областа на граничната безбедност и соработка со полицијата.

Соработката влегува во нова фаза, пред сè во областа на образованието, културата и економијата. Тој се надева дека двете земји, Мејн и Црна Гора, ќе развијат добри економски, трговски односи. А наскоро ќе почне и продажбата на црногорските вина во Мејн, па ќе почне и таков вид соработка, вели Лепејџ.

Тој верува дека ќе биде „одлично” ако соработката на Мејн и Црна Гора се развива и во однос на учењето  јазици.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари