logo
logo
logo

Бев дете на работничка класа во Југославија и еве како живеев: Образованието беше бесплатно, платите поголеми, а требаше да внимавам на едно нешто!

Vecer | 23.11.2021

Бев дете на работничка класа во Југославија и еве како живеев: Образованието беше бесплатно, платите поголеми, а требаше да внимавам на едно нешто!

Носталгијата по Југославија не исчезнува. И додека едни се сеќаваат како се живеело во тоа време, други тврдат дека и тогаш не течело млед и млеко.

Оние пак кои се родиле во 80тите и 90тите години на минатиов век веројатно пораснале со приказните за големата држава со шест републики.

Своите впечатоци за животот во Југославија за Индекс.хр ги споделил Жељко Поробија.

-Иако многумина се уште се сеќаваат на социјалистичка Југославија сепак за неа се шират многу митови и легенди. Па поради тоа сакав да го изнесам моето лично искуство за најпознатите од нив., вели тој.

Работиш неколку години и добиваш стан

Моите веднаш по свадбата купија гарсоњера од 14 квардати во Дорчол, Белград. Во станот немаше бања и тоалет, туку делевме заеднички со неколку станари. Дури по 24 години стаж, во јуни 1973 година, мајка ми купи двособен стан во блок 45.

Зградата во која живеевме тогаш наликуваше и на зградите од Западот во тоа време. Имаше многу спортски терени, игралишта и шеталишта.

Мајка ми во тоа време понекогаш ја изнајмуваше и едната соба на кираџии бидејќи не секој имаше среќа да има свој простор за живеење.

Имено, мајка ми дошла во Белград во 1949 година, на 16 години откако го завршила своето основно училиште. Се вработила во текстилната индустрија БЕКО и остана таму да работи цел работен век. Тие и го платија нејзиното образование, па дури и студирање. Во пензија замина како раководител на одделот за контрола на квалитет.

Татко ми се преселил во Белград во 1958 година и тоа бидејќи се заљубил во мајка ми. Тој имал два занети – електричар и автомеханичар. Испратил пет апликации за работа и на сите пет добил позитивен одговор. Менуваше фирми неколку пати – кога ќе посакаше.

Сите мои врсници сакаа да се вработат по завршеното средно образование. Дури и оние кои беа на културниот смер најдоа работа во културните центри, театрите, кината и телевизиите. Јас одбрав да учам, а уште во раната младост знаев дека ќе работам преку младинска задруга, вели Желко за Индекс.хр.

Образованието беше бесплатно

Имав осум години кога беше изградено основното училиште Бранко Радичевиќ во блок 45. Тогаш беше најмодерното училиште на Балканот. Имавме училишен базен, две сали за физичко и комплетно опремени кабинети. Делегации од Балканот доаѓаа за да го видат ова "чудо" од училиште.

Образованието го продолжив во средно училиште кое беше помалку опремено. Учебници сами наоѓавме, а знаевме и да организираме хуманитарни акции за собирање средства за сиромашните ученици. Но студирањето ни беше бесплатно на сите.

Тогашната милиција имаше многу големи овластувања, па немаше шеги со неа.

Во раната младост бев два пати нападнат на улица со нож без никаква причина. Мојот пријател Томиќ беше безмилосно убиен среде автобуска станица од група луди тинејџери. Требаше да внимаваш да не налутиш група на деца кои се врзани со криминални групи. Некои од нив беа дел од вистиснки банди – а некои од лидерите на тие банди беа врзани со полициските структури.

Немаше разлики

Во мојата зграда живееја деканот на Филолошкиот факултет, директорот на Белградската банка и угледен судија. Мојот прв сосед беше режисерот Јован Ристиќ, кого го посетуваа бројни познати актери и естрадни уметници, како Здраво Чолиќ, Данило Стојковиќ и други.

Сепак, сите бевме еднакви. А тоа ми стана јасно кога случајно се најдов на забава во елитното Дедиње. Бањата во таа вила беше поголема од мојот стан. Да не зборуваме за сиот луксуз внатре.

Работниците имаа бесплатен летен одмор

БЕКО имаше зимско одмаралиште, а подоцна добивме и можност да летуваме во Супетар. Училиштето секогаш не носеше на екскурзии, а со авион патувавме до Сплит и Дубровник. Летниот одмор се поминуваше со смешни пари.

Платите биле повисоки од денешните

Тешко е да се споредат приходите со денешните, но знам дека татко ми со својата плата можеше да купи 600 литри бензин. Во неколку наврати купувавме и нови автомобили. Подоцна купивме и земјиште надвор од Белград, каде изградивме и викенд куќа.

Мојата мајка заработуваше најмногу пари кога се пензионираше. Таа отвори продавница во пензија и шиеше кошули за својот бутик. Неколку години подоцна купи и стан. Во времето на Анте Марковиќ имав одлични односи со својата сопруга. Секој месец купувавме по некој уред или она што ни е потребно.

Единствено требаше да внимаваш што зборуваш

Недостатокот на политичка слобода почна да ми пречи дури за време на моите студии.

На Филозофскиот факултет, водечките српски комунисти ги остранија сите профеии кои се залагаа за антисамоуправна филозофија. Забранета беше работата на Отворениот Универзитет, неформална група која дебатираше за политика, а нејзиниот лидер Драгомир заврши во затвор.

Тоа беше време кога либералите ги праќаа во затвор, а ги спасуваат националистите.

Немам навика да се каам за она кое поминало. Ниту пак да сонувам за обнова на Југославија. Единствено нешто за што навистина ми е жал што се распадна со толку крв и солзи.

А го барам назад времето кога немаше толку многу омраза, завршува тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk