logo
logo
logo

БЕЛИВУК стана татко по трет пат, веста ја дочека ПРИТВОР!

Vecer | 15.09.2021

БЕЛИВУК стана татко по трет пат, веста ја дочека ПРИТВОР!

Вељко Беливук, викан Веља Невоља, обвинет дека е водач на криминална група која ги сторила најмонструозните кривични дела во соседството, вчера по трет пат стана татко.

Неговата сопруга Бојана се породила во една приватна белградска клиника. Инаку, таа кусо по неговото апсење отпатува во Грција, но пред породувањето се вратила, пишуваат Новости.

Веља и Бојана имаат уште две деца, син и ќерка. Веста за раѓањето Беливук ја дочекал во ќелија во притворскиот дел на Централниот затвор во Белград, каде чека обвинението да стане правосилно и, секако, почетокот на судењето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk