logo
logo
logo

АПСЕЊЕ ВО БЕЛГРАД

БЕБИСИТЕРКА ОД ПЕКОЛОТ: Бебе од 4 месеци „кљукала“ со лекови за смирување

Vecer | 10.03.2021

БЕБИСИТЕРКА ОД ПЕКОЛОТ: Бебе од 4 месеци „кљукала“ со лекови за смирување

По налог на Првото основно обвинителство уапсена е бебиситерката С.Ц. осомничена дека на бебето кое го лувала во отсусво на родителите му дала лек за смирување - бенседин во поголемо количество.

Инаку, родителите ја ангажирале жената преку интернет страница, и тоа неколку дена пред инцидентот. Случајот во полиција го пријавил доктор од Детската клиника во Тиршова, откако кај нив било примено бебето во чија крв било најдено поголемо количество концентрација лекови за смирување.

Било утврдено дека во крвта на детето има поголемо количество „бенседин“ и дека детето, за среќа, не е во животна опасност.

На осомничената и било одредено задржување од 48 часа, а по денешното закажано сослушување обвинителството ќе донесе одлука дали на судот ќе му предложи мерка притвор, по шт ќе се спроведат сите доказни активности, ќе се испитаат сведоци, ќе се наложат неопходни вештачења и ќе се донесе конечна одлука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk