Иако законот вели дека лице заразено со корона вирусот или во изолација не смее да го напушта домот или клиниката доколку е таму, за што е определена и кривична одговорнот, двајца пратеници од владеачкото мнозинство го прекршија законот. Со скафандери влегоа во собранието за да има владеачкото мнозинство 61 пратеник на располагање.

Објаснувањето, официјално кажано, за ова сериозно прекршување на законот, според власта е дека пратениците дошле за добро на граѓаните за да се изгласаат законите за економска помош во епидемијата.

Но, фактите покажуваат дека објаснувањето не е точно. Тие двајца не ни беа неопходни за гласњето затоа што законот за економска помош беше изгласан со присуство на 115 пратеници, што значи дека двајцата пратеници во скфанадери, за овој закон, воопшо не ни беа потребни.

Веста за овој настан ја пренесоа и десетици медиуми од регионот, од Бугарија до Словенија, и во објавите преовладува потсмев и осуда за ваквото однесување на власта и нивните заразени пратеници.