logo
logo
logo

Балканците се грижат за невработеноста, ПО ПАНДЕМИЈАТА СТРАВ ИМ Е ДА ОДАТ НА ПЕЧАЛБА

Vecer | 25.06.2021

Балканците се грижат за невработеноста, ПО ПАНДЕМИЈАТА СТРАВ ИМ Е ДА ОДАТ НА ПЕЧАЛБА

Скоро половина од граѓаните на Западен Балкан се најмногу загрижени за невработеноста и економската состојба, а пандемијата потресе голем број луѓе кои имаа намера да заминат во странство за да работат, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу  на презентација на „Балкан барометар 2021 година“ во Тирана.

„Овој, седми по ред балкански барометар, покажува дека за 49 проценти од граѓаните на Западен Балкан, невработеноста е најголем проблем, како и за младите, додека 46 проценти од нив се најмногу загрижени за економската состојба. Пандемијата го смени нашиот ум и влијаеше на нашите животи. Луѓето сега повеќе не сакаат да одат и да работат во странство,  тоа би го сториле 37 проценти од граѓаните, што е тренд на опаѓање во споредба со минатата година“, рече Брегу.

Таа додаде дека истражувањето покажува постојан раст на поддршката за регионалната соработка, што сега го поддржуваат 77 проценти од граѓаните, додека 69 проценти од економските субјекти сметаат дека квалитетот на регионалната соработка е важен за нивниот бизнис.

„Исто така, поддршката за пристап и интеграција во Европската унија значително се зголеми во текот на годината на пандемијата. И покрај бавноста на процесот на проширување, 62% од испитаниците сметаат дека членството во ЕУ е добра работа, како и 66% од бизнисмените“, - посочи Брагу.

Таа додаде дека истражувањето на „Балкански барометар“ покажува дека 43% од испитаниците сметаат дека ЕУ најмногу помага во борбата против пандемијата во однос на медицината и финансиите, далеку пред Кина со 14%, Турција со 9% и Русија со 7 %

„Бизнисмените од Западен Балкан забележуваат дека несомнено ќе имаат корист од патувањето во регионот со лична карта, за што во моментов се преговара во рамките на планот за заеднички регионален пазар. Оваа иницијатива е поддржана од 61% од испитаниците“, изјави Брегу.

Последната панел дискусија на презентацијата на „Балкански барометар“ ја водеше дописникот на „Економист“ за Балканот, Тим Џуд, а присуствуваше и Џим О’Брајан, поранешен пратеник на САД за Балканот и висок советник на Атланскиот совет Иницијатива за иднината на Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk