logo
logo
logo

Бајден до Фон дер Лајен: ЧЛЕНСТВО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕУ

Vecer | 05.10.2021

Бајден до Фон дер Лајен: ЧЛЕНСТВО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕУ

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска остварил разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за Западен Балкан.

Среде медиумските извештаи дека ЕУ не може да гарантира членство за ниту една земја од Западен Балкан на веб -страницата на Белата куќа беше наведено дека дека Бајден изразил силна поддршка за процесот на пристапување на овој регион во Унијата.

За време на вчерашниот телефонски разговор со Фон Дер Лајен, Бајден ја потврдил својата поддршка за Европската унија, клучен партнер на САД и неговата посветеност да продолжи со спроведување на резултатите постигнати на самитот САД-ЕУ во јуни, соопшти Белата куќа.

Тие, исто така, разговарале за американско-европскиот совет за трговија и технологија, кој се состана во Питсбург на 29 септември, за да се осигураат дека правилата што ја регулираат глобалната трговија и клучните и новите технологии се вкоренети во демократските вредности и пазарните принципи.

Бајден ја истакна важноста од овозможување прекуграничен проток на податоци и изедначување на условите во меѓународниот даночен систем.

Американскиот претседател, исто така, ја поздравил обновената соработка меѓу САД и ЕУ во врска со „Ковид-19“ и преземање чекори за решавање на климатската криза, пред самитот КОП-26 во Глазгов подоцна овој месец.

Претседателот Бајден, исто така, ја истакнал важноста од блиската соработка САД-ЕУ во индо-пацифичкиот регион.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk