Подгоричанката К.К.(1961) скокнала од мостот Блажово во Подгорица, а во рацете држела машко бебе – нејзиниот внук. Ова го потврди Новости од повеќе извори. Со брза реакција работниците на градското претпријатие Зеленило Алфи Ибрахимовиќ и Алмир Мујак успеале да го спасат бебето од Морача.

 

Ибрахимовиќ и Мујак вршеле редовни работни задачи кај мостот Блажово кога виделе дека бебето паднало во студената река. Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот.

 

Детето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да ја исцеди водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот. Брзата помош брзо реагирала и го пренела момчето во болница.

Бабата со бебето паднала во Морача, а постојат сомнежи кои укажуваат на самоубиство.