logo
logo
logo

АВТОБУС И КАМИОН СЕ СУДРИЈА КАЈ БЕЛГРАД - Пет повредени, автоб усот искршен (ФОТО)

Vecer | 26.11.2021

АВТОБУС И КАМИОН СЕ СУДРИЈА КАЈ БЕЛГРАД - Пет повредени, автоб усот искршен (ФОТО)

Автобусот кој се судри со камионот кај Умка во Белград е искршен и уништен од напред, па вистинска среќа е што последиците не се поголеми. Колку всушност била опасна несреќата покажуваат фотографиите од српските медиуми.

- Не знам која е причината за несреќата, мислам дека автобусот отиде малку подалеку од мене, тврдат дека сум јас, истрагата ќе утврди. Еве ти одиш 60 километри на час, јас бев 50 и нешто. Извлекував луѓе низ прозорецот – изјавил за Телеграф.рс камионџијата.

Во соопштението на Секретаријатот за јавен превоз се наведува дека во инцидентот се повредени пет патници, од кои еден е тешко повреден, како и возачот на автобусот. Исто така, се наведува дека се работи за возило на Конзорциумот СП „Ласта“, превозникот АСП „Стрела - Обреновац“.

Сите повредени се пренесени во Итна медицинска помош. Направена е голема материјална штета на возилото на јавниот линиски превоз на патници, а полицијата во моментов врши увид.

Камионот се движел од Белград кон Обреновац, приколката наводно се лизнала и удрила во автобусот.

Автобусот е од 2017 година, а последниот шестмесечен преглед е извршен на 3 јуни годинава

години. Автобусот минал и на редовен дневен преглед на возилото.

Сообраќајна несреќа на патот кај Умка во правец кон Белград се случила утрово околу 10 и пол.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk