Атина: 20 грчки функционери осомничени за смртоносниот пожар

Тимот обвинители кој го истражува пожарот во Атина што се случи на 23 јули, а во кој загнаа 99 луѓе, како осомничени повика 20 грчки функционери да дадат исказ во текот на следната недела.

Тие се осомничени за повеќе кривични дела, а против нив се поднесени повеќе кривични пријави од роднините на жртвите.

Меѓу осомничените се и префектот на покраината Атика, Рене Дуру, претседателите на општините Маратон и Рафина, поранешниот генерален секретар на Службата за цивилна заштита, поранешниот шеф на полицијата, како и сегашни вработени на челни позиции во полицијата, Службата за цивилна заштита, Противпожарната служба и Крајбрежната стража.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари