Американската новинска агенција Асошиејтед Прес (АП) ја објави веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ. Тие пишуваат дека српскиот пејач починал откако се заразил со коронавирус и дека бил омилен низ цела поранешна Југославија.

АП исто така го нагласува неговото отворено противење на национализмот.

„Кога Југославија се распадна во етничката војна во раните 90-ти, Балашевиќ отворено се спротивстави на национализмот, што служеше како гориво за конфликтот.

Поради неговите ставови, мејнстрим медиумите во Србија го шиканираа Балашевиќ за време на војната“, пишува АП, нагласувајќи дека и покрај тоа, сепак пејачот останал омилен низ етнички поделениот балкански регион.

Медиумите во Хрватска и Босна и Херцеговина веднаш ја објавија веста за смртта на Балашевиќ, се вели во текстот.

Веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ ја пренесоа бројни медиуми во САД, вклучително и Вашингтон Пост, Еј-би-си Њуз, Ен-би-си, Сан Франциско Хроникл, УС Њуз, Рипаблик…