Апатурај: Се уште не е обезбедна стабилност во Западен Балкан

Заменикот помошник генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај, изјавил дека стабилноста на Западен Балкан се уште не е обезбедена, дека постојат предизвици, како и дека Алијансата во тој поглед сака да помогне.

Тој рекол дека регионот не е градина, туку една од собите на заедничкиот европски дом, чија цел е да придонесе за безбедност.

Западен Балкан од секогаш бил регион од стратешко значење, вели Апатурај, кој додава дека политичкото значење на регионот пораснало во последните години и дека НАТО сака да додаде дополнителна енергија и да поттикне земјите во регионот да ги остварат своите цели, кои и да се.

„Некои од земјите сакаат да влезат во НАТО и ние тоа го поддржуваме, но некои не сакаат. Србија е една од нив, тоа го почитуваме, но сакаме повеќе практична соработка и повеќе политички дијалог и разбирање и затоа вложуваме во тоа“ рекол Апатурај.

Тој нагласи дека НАТО има и други неповрзани партнери, како што се Финска и Шведска, но и Ерменија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари