logo
logo
logo

АП: Војници на НАТО распоредени по патиштата во северно Косово по неуспехот на преговорите

Vecer | 19.08.2022

АП: Војници на НАТО распоредени по патиштата во северно Косово по неуспехот на преговорите

Американските војници во рамките на НАТО се распоредени по главните патишта на северот на Косово по неуспехот на преговорите во Брисел, јавува N1 повикувајќи се американската агенција Асошиејтед прес.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во четвртокот по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел изјави дека „за жал, не е постигнат договор, но тоа не е крајот на приказната“.

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, во петокот оцени дека иако многумина се разочарани што вчера во Брисел нема напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, сепак резултатот од тие разговори е позитивен.

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека претседателот Александар Вучиќ ќе и се обрати на јавноста по повод дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел, в недела во 13:30 часот од Палатата Србија.

„Вучиќ го одложи говорот токму затоа што не може да се помири со фактот дека имаме конфликти на Косово, дека немаме решение, а деноноќно работи на изнаоѓање решение“, рече Петковиќ на прес-конференција во Владата на Србија.

Фото: архива афп

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk