Амфилохие: Власта да престане со прогон на православните свештеници

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохие побара од црногорските власти да престанат со прогонот на свештеници, монаси и верски службеници, кои како што вели, во Црна Гора се третираат како странски државјани.

Амфилохие, коментирајќи го новиот закон за странски државјани, според кој, свештениците од Србија и Босна и Херцеговина ќе мораат да положат црногорски јазик и да приложат потврда за регистрација на верската организација за која работат за да добијат привремен престој, го потсети претседателот на собранието, Иван Брајовиќ, дека додека бил министер за внатрешни работи, испратил допис во кој го запознал дека христијанската црква постои на овие простори од четвртиот век.

„Уште еднаш ја повикуваме МУП на Црна Гора да престане со прогон на повеќе свештеници и монаси, кои немаат црногорско државјанство. Упорно се занемарува фактот дека се работи за луѓе кои никогаш немале проблем со законот и кои се лојални граѓани на Црна Гора. И овој проблем е вештачки предизвикан, бидејќи на сите свештеници и монаси без црногорско државјанство, со години наназад редовно им бил одобрен привремен престој, по пропис, кој е и денеска на сила“ изјавил митрополитот за подгорички „Дан“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари