logo
logo
logo

Амбасадите на САД и Велика Британија: Поддржка за измените на Шмит во изборниот закон во БиХ

Vecer | 02.10.2022

Амбасадите на САД и Велика Британија: Поддржка за измените на Шмит во изборниот закон во БиХ

Амбасадите на САД и Велика Британија денеска ја поддржаа одлуката на високиот претставник за БиХ за измена на изборниот закон, со оценка дека е крајно време да се донесат мерки кои ќе и овозможат на Федерацијата БиХ подобро функционирање и отстранување на можностите за блокади кои постоеја во изминатите години.

„Меѓународната заедница не може да дозволи нефункционалноста на Федерацијата да продолжи уште четири години и повеќе не може да верува во празните ветувања и најави на политичките лидери дека овојпат ќе преговараат со добра волја и ќе направат значајни компромиси“, соопшти американската амбасада.

 

Изјавата е објавена откако високиот претставник Кристијан Шмит донесе одлука за промена на начинот на конституирање на Домот на народите на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина.

https://vecer.mk/balkan/shmit-izborniot-zakon-vo-korist-na-hrvatite/

Без претходна најава, Шмит наметна одлука за промена на начинот на индиректен избор на претставници во сојузниот Дом на народите ноќта на пребројувањето на гласовите од општите избори одржани во неделата.

„За жал, овластувањата на високиот претставник се уште се потребни во БиХ“

Со таа одлука клубовите на конститутивните нации беа зголемени од 17 на 23 претставници, а беше воспоставена квота од 11 претставници од секој национален клуб квалификувани да номинираат претседател и потпретседател на Федерацијата на Босна и Херцеговина, со што се обезбедува застапеност на легитимни претставници на хрватските партии во тој процес.

Шмит појасни дека со ова се решава проблемот со „прекумерната застапеност“ во Домот на народите, односно се подобрува пропорционалната застапеност на конститутивните народи согласно пресудата на Уставниот суд на Босна и Херцеговина за случајот „Љубиќ“.

Амбасадорот на Велика Британија во Босна и Херцеговина, Џулијан Рајли, на својот Твитер профил објави дека владата на неговата земја целосно ја поддржува одлуката на високиот претставник Шмит и верува дека таа ќе придонесе за подобро функционирање на Босна и Херцеговина.

„За жал, овластувањата на високиот претставник се уште се потребни во БиХ. Во отсуство на домашна политичка волја или лидерство, високиот претставник има важна улога во спроведувањето на Дејтонскиот договор“, напиша Рајли.

https://vecer.mk/balkan/plenkovikj-odlichni-rezultati-vo-bih-gi-pozdravuvame-izmenite-na-izborniot-zakon/

Извор: Индекс

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk