Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Босна и Херцеговина соопшти вечерва дека одлуката за блокада на финансирањето на изборите на денешната седница на Советот на министри е неодговорна и неоправдана.

– Институциите на БиХ имаа повеќе од доволно време да ја исполнат својата уставна одговорност и да обезбедат средства за оваа најосновна демократска функција, слободни и фер избори – соопштија од американската амбасада.

Тие посочија дека однесувањето на ХДЗ за ова и за други прашања во последните недели, вклучително и противењето на клучните реформи што ги бара Европската унија, не е во согласност со заложбите на партијата за евроатлантските интеграции.

– Управувањето, а не опструкциите и корупцијата е единствениот пат напред за БиХ, нејзините конститутивни народи и нејзините граѓани – заклучува Амбасадата.

Потсетуваме, Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска не донесе одлука за распределба на средствата за општите избори, закажани за 2 октомври, бидејќи министрите на ХДЗ не гласаа за тоа.

Фото: Фина