logo
logo
logo

Српскиот претседател Александар Вучиќ испрати порака (ФОТО)

Vecer | 14.01.2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ испрати порака (ФОТО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави фотографија со јасна порака, како што пишува, дека една мала слободарска земја во срцето на Европа опстојува и напредува, под сите притисоци низ кои поминува.

- Секој ден велат дека мора да направиме нешто за Косово и Метохија, мораме да направиме нешто за санкциите против Русија, мораме да се откажеме од поддршката за нашиот народ во Република Српска, и покрај се, мала слободарска земја во срцето на Европа продолжува да опстојува и напредува – напиша Вучиќ под фотографијата на која пишува: „Волкот не ги губи соништата поради мислењето на овцата.

Oдносите на релација Србија - Косово се влошени, а на Бадник и Божиќ, косовски Албанци нападнаа и ранија српски деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk