Албански агент тврди: Русите се веќе на Косово и...

Русија во Европа скоро е насекаде, особено во сверата на финансии и тровија, додека преку различни невладини организации и трговија со нафта е присутна на Косово 

Бивш агент на Разузнувачката служба на Косово Наим Мифтари, тврди дека Русија во Европа скоро е насекаде, особено во сверата на финансии и тровија, додека преку различни невладини организации и трговија со нафта е присутна на Косово и со помош на Србија има намера да преземе контролата на Балканот.

"Но, Русија и понатаму има свои територијални претензии и во балтичките земји, додека овие претензии се актуелни на Балканот прку Србија, која во тишина наоружува, има намера да ја преземе контролата над Балкан, како што беше обид за државен удар во Црна Гора и Македонија. Додека руското присуство во Косово преку наводни невладини организации на север и хуманитарниот центар односно рускиот центар во Ниш, но и преку трговија со нафта. Рускиот "Лукоил" функционира без дозвола на владата на Косово која треба да испрати протесна нота во руската Влада бидејќи не го признава Косово, но има канцеларија за врска во Приштина од завршување на војната". оценува Мифтари за албанскиот весник "Бота сот".

Тој нагласува дека главни руски противници на Балканот се Албанци и Хрвати затоа што станува збор за народи кои се прозападни и проамерикански.

Бившиот албански агент предупредува дека треба да се обрне внимание антизападната политичка странка со помош на руски пари ја освојат власта, како и дека целта на Русија е пропаѓање на НАТИ и ЕУ. Антизападниот верски тероризам, спрема негови зборови, исто така е финансиран од руски пари но е присутен и во Србија на вахабистите на Косово.

Како што пишува "Бота сот", српските служби во одредена мера влијаат на ширење на радикалнос и насилен верски екстрем, додека големо влијание и во уценувачко функционирање на Косово, обидувајќи се во очите на меѓународната заедница Косово да се претстави како нефункционална држава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари