logo
logo
logo

Албанија забрани увоз на ситен добиток од Грција и Романија каде има појава на чума

Vecer | 10.08.2024

Албанија забрани увоз на ситен добиток од Грција и Романија каде има појава на чума

Исто така, поставени се контролни пунктови со полициски службеници и ветеринарна служба на магистралните патишта, како и на граничните премини.

Генералниот директор на Националната управа за ветеринарство и заштита на растенијата, Роланд Мечај, рече дека „преземените мерки имаат за цел да ја спречат појавата на чумата, која со себе носи значителни штети на сточарската економија".

- До денеска  немаме случаи на чума, но по наредба на ресорното министерство воведовме забрана за увоз од земји како Романија и Грција, каде е појавена оваа заразна болест. Исто така, зголемено е нивото на претпазливост на надлежните структури, а од одгледувачите на овци и кози побаравме да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари, рече тој за Топ чанел.

Мечај додаде дека забраната ќе важи додека не се издаде втора наредба и нагласи дека болеста брзо се шири во стадата, но дека нема никаква опасност по животот на луѓето./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk