logo
logo
logo

АЛБАНИЈА ВО ЕУ ВО 2027 ГОДИНА? ЕУ: Moжно е, ако се работи!

Vecer | 31.10.2024

АЛБАНИЈА ВО ЕУ ВО 2027 ГОДИНА? ЕУ: Moжно е, ако се работи!

Амбасадорот на Европската унија, Силвио Гонзато изјави дека планот за затворање на сите поглавја од преговорите меѓу Албанија и Унијата во 2027 година може да се постигне доколку земјата ги "засука ракавите“.

"Планот за членство до крајот на 2027 година е амбициозен, но може да се постигне доколку се работи," изјави Гознато на прес конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

"Албанија може да успее да ги отвори сите поглавја до крајот на 2025 година“, рече Гонзато додека на Рама му го предаде извештајот за напредокот на Европската комисија за 2024 година.

Сепак, тој рече дека политичката клима во земјата го попречува напредокот во вистинската насока. „Што се однесува до политичкиот критериум, извештајот ја оценува функцијата на институциите како делумно задоволителна, главно поради политичкиот поларитет“, рече тој.

Амбасадорот на европската делегација во Тирана, Силвио Гонзато, во својот говор рече дека што се однесува до слободата на изразување, комисијата забележала дека нема напредок на ова поле.

Амбасадорот рече дека треба да се работи во оваа насока.

„Друга важна област е слободата на изразување и за жал комисијата не забележува никаков напредок во оваа област и во однос на долгорочните прашања кои загрижуваат особено преклопувањето на интересите на медиумите, бизнисот и политиката и проблематичните услови за работа. на новинарите се надевам дека отворањето на првата група преговори ќе биде добра можност за албанските власти да ги спроведат овие реформи“, рече тој.

Oд друга страна, Рама го поздрави извештајот, нарекувајќи го "најдобар во последните неколку години."

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk