logo
logo
logo

Албанија треба ДА ПЛАТИ 110 МИЛИОНИ ЕВРА обесштетување

Vecer | 25.07.2021

Албанија треба ДА ПЛАТИ 110 МИЛИОНИ ЕВРА обесштетување

Италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети се пофали дека го добил спорот со Албанија во Арбитражен суд, нарекувајќи го „победа во политичка војна со албанската влада“, јави дописничката на МИА од Тирана.

– На историска зграда, на еден од главните плоштади во Рим, „Пјаца ди Спања“, се наоѓаат две огромни фотографии на италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети. На транспарентот пишува „Се борев против политичкиот прогон на една влада. Победив, сега јас зборувам“, пренесува Ора њуз.

На негов портал тој пишува дека ја добил оваа политичка битка, дека побарал 650 милиони евра отштета во Арбитражниот суд и дека му било дадено право да добие 110 милиони евра, што, пак, е највисока казна во историјата на албанската држава изречена од Арбитражен суд.

Обесштетувањето е поради заплената на телевизијата „Агон канал“ во 2015 година, а во образложенето на судот стои дека тоа било „политички мотивирано“.

Според медиумите, отштетата што Албанија треба да му ја плати на италијанскиот бизнисмен е еквивалентна на социјалната помош за три години што им се дава на најранливите категории граѓани или еден процент од БДП на земјата.

Бизнисменот Бечети, албанските власти го товареа дека наводно „испрал“ 39 милиони евра во Албанија, за што Обвинителството во јуни 2015 година поднесе обвинение.

Налогот за негово апсење не се реализира бидејќи тој не беше во Албанија. Во меѓувреме, заедно со телевизијата „Агон чанел“, му беа запленети четири други компании во негова или сопственост на неговата мајка. Компаниите во рок од осум години, според Обвинителството, меѓу себе си префрлале милионски суми пари.

Обвинителството тогаш потврди дека истрагата започнала во 2014 година за кривични дела перење пари, затајување данок и фалсификување документи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk