logo
logo
logo

Албанија поведе истрага за убиството на четворица руски туристи

Vecer | 25.11.2021

Албанија поведе истрага за убиството на четворица руски туристи

Четворицата Руси, брачен пар, нивната ќерка и зет, на 15 октомври биле пронајдени мртви во хотелската сауна во Серет, 50 километри западно од главниот град Тирана, објави АП.

Првичните индиции биле дека починале од гушење, но околностите се нејасни и се уште не е објавен официјален патолошки извештај.

Обвинителите во денешното соопштение велат дека случајот го регистрирале како убиство под други квалификувани околности, додавајќи дека ги оценуваат доказите и исказите на сведоците.

Телата биле пренесени назад во Русија една недела откако се откриени. Руската амбасада во Тирана најавила дека ќе се направат тестови на посмртните останки за да се дознае причината за нивната смрт.

Руските туристи биле дел од групата која една недела била во одморалиште со пет ѕвезди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk