logo
logo
logo

Албанија купи противтенковски ракети „Џавелин“

Vecer | 22.05.2022

Албанија купи противтенковски ракети „Џавелин“

Албанија купи противтенковски ракети Џавелин за да ја зајакне својата одбрана, соопшти министерот за одбрана на таа земја Нико Пелеши.

Во соопштението се наведува дека Албанија склучила договор со американската компанија Локт Мартин, но не се наведува бројот на проектилите, цената и кога ќе бидат испорачани.

Пелеши рече дека целта на купувањето на ракетите е модернизација на армијата.

За да не дојде до паника, нема конкретна закана. Ние сме земја членка на НАТО и прашањето за националната безбедност е решено. Заштитени сме, рече министерот.

Пелеши рече и дека НАТО не претставува закана за ниту една земја, вклучително и за Русија.

Тирана ја поддржува политиката на „отворени врати“ на Алијансата, и кога станува збор за Финска и Шведска, Пелеши рече дека тоа се „две независни суверени земји со високи политички, правни и воени стандарди“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk