Албанија и Грција пред историско решавање на бројните билатерални проблеми

Тирана и Атина ги привршуваат преговорите за надминување на проблемите кои постојат помеѓу Албанија и Грција околу 70 години. Оваа оценка на албанските институции ја пренесуваат албанските медиуми кои нагласуваат дека претседателот на државата Илир Мета и премиерот Еди Рама на својата последна средба што ја имале синоќа имале идентични ставови околу позицијата на Албанија во преговорите.

Истите извори наведуваат дека Мета и Рама се на иста линија во врска со надминуивање на проблемите со Грција со Договорот кој е во финална фаза, а кој треба да се потпише многу скоро. Албанското раководство оценува дека долгите преговори на Тирана со Атина околу утврдувањето на морската граница, укинувањето на законот за војна помеѓу Грција и Албанија од страна на Атина, позицијата на грчкото малцинство во Албанија но и прашањето на Чамите во Грција, дале плод и дека може да се потпише истирискиот договор на двата соседи околу бројните тешки проблеми.

Медиумите ја изнесуваат оценката дека албанското МНР е задоволно од преговорите со грчкото МНР и дека шефовите на диопломатиите на двете земји Дитмир Бушати и Никос Косијас. Најтешки биле преговорите околу морската граница, но и прашањето на грчкото малцинствоо во Албанија и Чамите во Грција. Што се однесува до грчкиот закон за воена состојба со Албанија официјална Атина покажала добро разбирање уште на почетокот и информирала дека тој закон не треба да биде во сила, бидејки проблемите од периодот по Втората светска војна помеѓу двата соседи се минато.

Од друга страна албанската опозиција во пресрет на потпишувањето на договорот за надминување на билатетралните проблеми на Тирана со Атина истакнува дека Атина е задовиолна од преговорите бидејки Тирана има многу попуштено.

„Таквиот договор околу големите отворени проблеми на Албанија со Грција е штетен за Албанија и е во интерес на Грција“ истакна духовниот лидер на десницата и екс претседател и премиер Сали Бериша.

Опозицијата смета дека со новите морски граници, Грција ги има добиено пределите во Јонско море каде што има големи количини на нафта. Исто така за опозицијата во преговорите Тирана не успеала да го истакне доволно прашањето на Чамите во Грција.

Медиумите во Тирана цитираат изјава на грчкиот министер за надворешни работи Никос Косијас во која тој вели дека ,, Нема да замине на домор без да се потпише договорот за решавање на проблемите на Атина со Тирана ,, . Оваа изјава се коментира како подготвененост на Атина  конечно да се потпише како што се наведува историскиот договор на двата соседи ,кои повеке од седум дека немаат добри односи . Аналитичларите во Албанија истакнуваат дека договорот доаѓа и како резултат на силниот притисок на ЕУ и САД конечно Албанија и Грција да немаат отворени прашања . Сепак тие додаваат дека опозицијата во Албанија ќе прави напори да го искористи договорот за кој се тврди дека ќе се потпише многу скоро, да го искористат за создавање на клима за предвремени избори во Албанија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари