Во Албанија денеска пристигна првата пратка од 192.000 кинески вакцини од производителот Синофарм.
Според албанскиот премиер Еди Рама во следните 60 денови се очекуваат половина милион вакцини против корона вирусот да пристигнат во земјата.
Досега во Албанија се вакцинирани 53.882 лица, вклучително и медицинските лица, постарите и вработените во образование, а како што вели тој вакцинацијата ќе продолжи прво со постарите лица.
Воедно Рама изјави дека во земјата ќе започне и со производство на вакцини.
[embed]https://youtu.be/ORYw421RMvg[/embed]