Албанец се обиде да се самозапали за време на денешната молитва на плоштадот во Тирана по повод празникот Курбан Бајрам, соопшти полицијата.

40-годишникот истурил бензин на плоштадот Скендербег, но бил спречен од страна на верниците и потоа предаден на полицијата, која го привела.

Муслиманската заедница соопшти дека човекот не е верник, а полицијата го истражува мотивот за неговите постапки.

Илјадници муслимански верници се собраа денеска во молитва на плоштадот на крајот од едномесечниот рамазански пост.

Инаку во Албанија празникот го празнуваат мнозинството граѓани, односно 2,8 милиони припадници на исламска  вероисповест.