Триесет годишен Албанец се пријавил во полициска станица и побарал да биде ставен во затвор, бидејќи неговиот живот во семејната куќа со сопругата и нејзиното семејство е неподнослив, соопштија карабинерите.

Албанецот кој живеел во местото викано Гвидонија Монтеселио во близина на Рим, рекол дека „повеќе не може да издржи принуден живот со својата сопруга“, објавија карабинерите од соседниот град Тиволи.

„Во очај решил да избега и да се пријави кај карабинерите. Сакал да избега од сопругата и да ја одлежи казната во затвор“, додаваат тие.

Тој бил осуден на куќен притвор неколку месеци за злосторства поврзани со дрога и треба да издржува таква казна неколку години, рече капетанот Франческо Џакомо Феранте од Тиволи.

Сепак, капетанот додаде дека „животот му станал пекол“ и „не може повеќе да биде во семејниот дом“, па „сака да оди во затвор“.

Кога се пријавил кај карабинерите, човекот бил уапсен поради кршење на куќниот притвор, а правосудните органи наредиле да биде ставен во затвор.