– Во последните 24 часа во Загреб има 1.168 новооткриени случаи на Ковид-19, што е навистина голем број. Што се однесува до најголемиот број заразени, морам да кажам дека сепак се работи за средовечна работна популација. Што се однесува до учениците, околу 20% се позитивни – изјави Сандра Шикиќ од Наставниот институт „Др. Андрија Штампар“ за N1.

– Сакам да го истакнам фактот дека во нашата лабораторија во изминатите 24 часа има речиси 47%  позитивни резултати, што е загрижувачки – додаде таа.

Во Загреб речиси секој втор тест е позитивен.

– Можеме да кажеме дека речиси 50 отсто од примероците се позитивни – рече Шикиќ.

Таа вели дека досега немало толку голем удел на позитивни.

Во последните 24 часа се регистрирани 4.571 новозаболени од вирусот SARS-CoV-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 20.645.

Од нив, 1.207 пациенти се во болница, од кои 153 се на респиратор. Починаа 26 лица.