logo
logo
logo

АКО НА ТРАГЕДИЈА НА 250.000 СРБИ СЛАВИШ, ГОДИШНИНАТА СЕ ПРЕТВОРА ВО БАЛ НА ВАМПИРИ, вака Лазански зборуваше за ОЛУЈА

Vecer | 04.08.2021

АКО НА ТРАГЕДИЈА НА 250.000 СРБИ СЛАВИШ, ГОДИШНИНАТА СЕ ПРЕТВОРА ВО БАЛ НА ВАМПИРИ, вака Лазански зборуваше за ОЛУЈА

Мирослав Лазански почина денес во 71. година од животот, во својот дом во Белград, и тоа на денот на одбележување на Олуја...

Акцијата Олуја која се случи пред 26 години кога околу 250.000 Срби беа протерани од Република Српска Краина, хрватските власти ја нарекуваат легитимна воена акција.

- Рекле доколку се случи некој да ја загрози територијата на Хрватска повторно, Олуја ќе се повтори, рекол Лазански.

Тој тогаш објаснувал дека Крстичевиќ, завршил воена академија на ЈНА, и дека тоа е минато кое тој со вакви изјави сака да го избрише.

- Не знам точно што тој командувал во операцијата Олуја, но мислам дека беше еден од командантите од градските бригади на јужниот правец. Факт е дека Хрватска својата историја почнува да ја смета од 1991 година, а се од пред тоа не постои. Хрватска никогаш не направи ниедна врста на дистанца од НДХ, рекол Лазански.

Како што вели, деведесетите беше одземање станови и бесправно влегување во нив.

- Таа годишнина полека се претвора во некоја врста на бал на вампири, ако ти на трагедија од 250.000 Срби славиш, тогаш е прашање какви сосетски односи треба да негуваме – се запрашал Лазански.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk