Aко летувате во Црна Гора, земјата од денеска ги олеснува мерките против коронавирусот.

Се укинува временскиот рок за работа на приредувачите на игри на среќа. На институциите им е дозволено да одржуваат обуки на спортисти, спортски натпревари и спортски турнири во помали спортски простории во затворен простор, но со посебни мерки.

Од 19 јуни до петок, 2 јули, ќе се укине ограничувањето за работа со угостителски објекти, но без музика по 23 часот.

Се укинува временското ограничување за работа на компании и претприемачи што се занимаваат со трговија на непрехранбени производи и обезбедување услуги (трговски центри, продавници за обувки и облека, салони за убавина, фризерски салони …). Македонските граѓани во Црна Гора можат да патуваат без ПЦР тестови. Инаку, во Црна Гора од вирусот починаа 1.605 граѓани.