logo
logo
logo

Сијарто

„Ако ЕУ не го интегрира Западен Балкан, ДРУГИТЕ ЌЕ ГО СТОРАТ ТОА“

Vecer | 06.10.2021

„Ако ЕУ не го интегрира Западен Балкан, ДРУГИТЕ ЌЕ ГО СТОРАТ ТОА“

На Западен Балкан не смее да се гледа како на заден двор на Европа, туку како на клучен регион без кој нема напредок, изјави унгарскиот министер за надворешни работи.

Петер Сијарто на панелот во Варшава во вчера за стратегијата на НАТО, рече дека не е сигурен дека земјите од Западна Европа се целосно свесни за важноста на безбедноста и стабилноста во регионот, и една од причините може да биде тоа географски се далеку од него, пренесува МТИ.

Сијарто рече дека е спорно што ЕУ не постигнала напредок со интеграцијата и дека западните министри честопати се жалат дека земји како Русија, Кина, Турција и Саудиска Арабија се обидуваат да влијаат на регионот.

„Како можеме да ја добиеме играта ако не излеземе на терен? Ако ЕУ не може да го интегрира регионот, другите ќе го сторат тоа", праша министерот.

Сијарто го пофали фактот дека НАТО прими три земји од регионот и додаде дека „за жал, ЕУ е многу побавна во тој поглед“.

Тој, исто така, го сврте вниманието на опасноста од миграциски бранови, велејќи дека тоа е една од најважните мигрантски рути низ Западен Балкан. Тој повтори дека Унгарија ја поддржува „политиката на отворени врати“, како и проширувањето на ЕУ и НАТО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk