„Со годините се наталожија многу неправди, па таквата реакција е логична. Сепак, на оние кои поттикнуваат омраза и седат во фотелји, секогаш ќе им кажам каде припаѓам“, напиша Абазовиќ на Фејсбук.

„Ако имаме можност да формираме влада, тоа ќе биде Влада на помирување!“, посочи Абазовиќ, додавајќи дека сите се добредојдени – Црногорци, Срби, Бошњаци, Албанци, Хрвати, православни, католици, муслимани.