logo
logo
logo

За неполн месец на иста улица се случиле две самоубиства: Како некој да го проколнал селово!

Vecer | 25.11.2021

За неполн месец на иста улица се случиле две самоубиства: Како некој да го проколнал селово!

На локалните гробишта во селото Дубље, во близина на Богатиќ во понеделникот бил погребан познат и успешен претпиемач Ј.М (52) откако си го одзел својот живот.

Локалните медиуми пренесуваат дека сите жители во неговото село биле во шок откако дознале дека  Ј.М си го одзел својот живот во фамилијарната пекара и се уште не можат да поверуваат дека ги напуштил човек кој секогаш мислел добро на секому.

-Во саботата бев кај него во пекара, во неделата бевме заедно на слава, а во понеделникот го погребавме. Голема трагедија за неговото семејство и за цело село. Нешто ептен го мачело, за да морал ваквите маки вака да ги заврши. Својата тајна ја однесе во гроб, вели сосетката на покојниот пекар.

Најмногу вознемирени и потресени биле жителите на улицата “Војводе Милиќа” каде што живеел и работел познатиот пекар, кај кого секојдневно се купувало леб и други пецива.

Тие наведуваат дека го познаваат откако се преселил во селото и се вработил прво во една пекара, па потоа во друга.

-Беше вистински мајстор за тесто, па не е ни чудно дека отвори своја пекара пред 12 години. Оттогаш неговиот бизнис цветаше. Беше вреден и сите ги почитуваше. Кога ветуваше нешто, си остануваше на зборот. Помогна на многу организации во селото со донирање на леб, пецива и штрудли со цел оддржување на разни манифестации и прослави, велат соседите.

Ј.М бил тивок и смирен човек кој не делувал дека имал маки, а особено не толку големи за да се самоубие.

-Во селото се зборуваше дека тој имал семејни проблеми кои започнале пред три години кога сопругата ја напуштила куќата и заминала во странство и не се вратила. Тој многу ја сакал и никогаш не правеше разлика помеѓу нејзината ќерка од првиот брак и нивниот заеднички син, велат соседите кои претпоставуваат дека тој решил да си го одземе животот бидејќи не успеал да си го спаси бракот.

Во селото веруваат дека тој до последен момент верувал дека ќе се средат семејните недоразбирања и бил исклучително посветен на семејството. Освен за ќерката која работела во пекарата, бизнис планови имал и за синот кој минатиот месец наполнил 18 години.

-Иако се шпекулираше дека проблемите во семејство се големи и дека тие стигнале до суд, сепак тој му направи достојна прослава на својот син за полнолетство. Се чинеше дека тие ги надминале проблемите, дека повторно се среќно семејство и никој не можеше да претпостави дека по еден месец ќе се самоубие, велат во селото.

Телото го пронашле ќерката и сосетката

Безживотото тело на Ј.М во понеделникот го нашле неговата поќерка и соседот во просторијата на таванот.

-Сцената беше морничава. Бил обесен на синџир и закачен на таванот, изјавил соседот.

Полицијата извршила увид, а судскиот вештак констатитрал смрт.

Во последно време во ова село се случило уште едно самоубиство, а во последнава година двајца си го  одземале животот.

-Пред 20тина дена животот си го одзема и соседот Б.Д. Како некој да ни ја проколна улица. Се надевам нема да се повторат ваквите трагедии. Но, тешко е – големи маки ги притискаат луѓето, од живот во пандемија па несигурност и сиромаштија, вели еден од соседите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk